Владата подготвува пакет мерки за пензионерите за справување со економската криза

од Nikola Popovski

Работиме на зголемувањето на пензиите. Воспоставуваме еден дијалог каде ќе се седнеме со здруженијата на пензионери и сите засегнати страни, вели премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на пензиите во моментов е само паушален.

-Тоа го прават само за да кажат дека учествуваат во ова, колку само да се покаже, потенцира Ковачевски.

Премиерот додава дека пензионерите се оние кои заслужуваат да бидат наградени и да имаат мирни пензионерски денови.

-Најавуваме дека работиме и на пакет мерки со финансиска помош за пензионерите за полесно справување со економската и енергетската криза. Ќе биде определа врз основа на анализи, информира Ковачевски.

Слични содржини