Во Собранието веќе пристигнаа предлог-измените на Законот за јавни собири од страна на Владата, според кои се предвидуваат нови правила за остварување на уставното право за јавно собирање, кои подразбираат нови ограничувања во остварувањето на ова право.

Според новите предлог измени, за да се одржи еден протест ќе биде потребна бројка од најмалку 50 граѓани, наместо досегашните 20.

„Воедно се воведува дополнителна регулатива според која Јавен собир заради мирно изразување на мислење или протест може да се одржува на секое место кое е соодветно за таа намена, освен: до здравствени установи, на начин кој го оневозможува пристапот на возила на брза помош, го нарушува мирот на болните и непреченото работење на персоналот во здравствените установи; до детски градинки и училишта додека децата престојуваат во нив; на автопатишта, магистрални и регионални патишта, железнички пруги, на начин со кој се загрозува непреченото одвивање на сообраќајот; на други места од витално значење за непречено одвивање на сообраќајот (тунели, премини на пат преку железничка пруга, мостови, надвозници, подвозници, гранични премини, пристап до гранични премини и крстосници); во седиштата на органите на државната власт и просторот околу нив, како и резиденцијалните и репрезентативните објекти и околниот простор што им припаѓа на органите на државната власт на Република Северна Македонија; во седиштата на странски дипломатско-конзуларни преставништва  и нивни резиденции и во објекти и простори кои се од посебно значење и интерес за безбедноста на Република Северна Македонија“, стои во предлог-измените на Законот за јавни собири од страна на Владата

Новите предлог измени предвидуваат јавниот собир да може да се одржува во временскиот период од 06,00 до 23,00 часот.

Целиот Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните собири од страна на Владата на следниот линк

Слични содржини