Властите во Газа го обвинуваат Израел дека ги краде органите на убиените Палестинци

од Stefanija Kuzmanovska

Локалните власти во Газа доцна во вторникот го обвинија Израел дека ги краде органите на убиените Палестинци и повикаа на меѓународна истрага, јавува „Анадолија“.

Владината канцеларија за медиуми со седиште во Појасот Газа соопшти дека прегледот на телата покажал дека нивните форми значително се промениле поради кражба на витални органи.

Тие објавија дека израелската армија ги предала телата без нивните имиња.

Израелските власти не ги коментираа наводите.

Телата на десетици Палестинци заробени, а потоа убиени од израелската армија беа доставени до Појасот Газа во вторникот.

Министерството за здравство во Газа ги презеде телата на убиените Палестинци од израелските сили на граничниот премин Керем Шалом во јужниот дел на Појасот Газа.

Министерството за донации и верски прашања е одговорно за погребување во масовни гробници.

„Обединетите нации однапред нè информираа за пристигнувањето на одреден број тела на нашите маченици во Појасот Газа, а се проценува дека има околу 80 тела“, рече Марван Ал-Хамс, директор на болницата „Мохамед Јусеф Ел- Најар“ во градот Рафа, соопшти претходно.

Тој рече дека телата биле доставени во контејнер и дека меѓу нив имало цели, но и растргнати, и дека некои се веќе во фаза на распаѓање.

Слични содржини