ВМРО-ДПМНЕ: 3 големи компании ќе дојдат уште во првите 100 дена

од Vladimir Zorba

„Потребна ни е економска обнова, таа ќе дојде со 4 милијарди евра странски инвестиции, од кои 3 големи компании ќе дојдат уште во првите 100 дена. Со тоа ќе придонесеме кон намалување на невработеноста под 10%“, вели во утринското соопштение ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе го помогнеме и домашниот бизнис. Предвидуваме 8% даночна стапка, за персонален данок на доход и данок на добивка. Се обврзуваме и за намалување на ДДВ за угостителски услуги од 18% и 10%.

Инфраструктурата целосно ќе ја реобновиме и ќе реконструираме 1000 километри патишта. На тоа поле планираме и 150 километри експресни патишта.

Се обврзуваме да ја изградиме и пругата кон Бугарија.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за обнова на Македонија“, велат меѓудругото од партијата на Мицкоски.

Слични содржини