ВМРО-ДПМНЕ бара да има помпа и специјалци околу случајот со Рашковски

од Nikola Popovski

„Заев треба да намали со театарот за случајот Рашковски. Додека се чешла фирмата за случајот со софтверот Рашковски си продолжи со работа во владата на Заев по завршениот одмор во Мексико. Нема помпа, нема специјалци, туку евтин театар. Рашковски треба да е во притвор зошто може да го повтори делото“, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако денеска по наредба на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција се правеа претреси на три локации во врска со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци.

Според нив, јавноста ниту видела резултат од истрагата, иако случајот во јавноста се отвори пред речиси еден месец.

„Токму толку и требаше на Русковска и на обвинителството да покажат некаква активност, време доволно да се заташкаат докази, документи и да се влијае врз сведоци. Рашковски како и во случајот со скандалот Леонардо, како и во случајот со скандалот Сархемс останува заштитен од страна на спрегата власт-обвинителство-судство, иако се работи за скандали кои се врзуваат во низа и тежат милиони. Ако ова не е основано сомнение за злоупотреба на службена должност и нерационално трошење на народни пари, тогаш нема друг пример. Ова логично не тера да се сомневаме дека Русковска преку невешти, задоцнети процеси, се става во улога на заштитник и забошотувач на криминалите на власта на Заев“, стои во партиската реакција.

Освен во седиштето на „Инвока гроуп“, претреси денеска се вршеа на уште две адреси на физички лица.

Слични содржини