ВМРО-ДПМНЕ е носител на антибугарската хистерија во С. Македонија, велат од партијата на Георгиевски

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ како идеолошки наследник на Вардарскиот четнички корпус продолжува да биде носител на антибугарската хистерија во Северна Македонија продолжувајќи со манипулација и искривување на фактите, велат од ВМРО-Народна партија.

Од партијата на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски потенцираат дека на конкретен ден, 13 ноември 1944 година во кој според сите светски извори вклучително во најново време и српските, бугарската армија после превратот на 9 септември 1944 година и формирањето на татковинскиот фронт земала учество во ослободувањето на Македонија, Косово и Србија од германските фашисти и на крајот во најактивната битка, битката на Сремскиот фронт.

-На тој пат има ослободено повеќе градови во источна Македонија, водела голема битка кај Страцин против германските фашистички сили и учествувала во ослободувањето на Скопје, а понатаму кон Косово и Србија, објаснуваат од партијата.

-ВМРО-ДПМНЕ го поставува прашањето на СДСМ што таа мисли за тој наш став, а со тоа ВМРО-ДПМНЕ пак потврдува дека сеуште живеат во идеолошките матрици на комунизмот и треба да го постават прашањто што мисли светската историска наука, а не нивните индоктринирани умови. Конечно во нашето прво соопштение имаше и една друга провокација до ВМРО-ДПМНЕ, а и до другите сили кои учествуваат во антибугарската хистерија, јасно и гласно да ни кажат кои беа фашистите во Скопје на 13 ноември 1944 година, соопштија од ВМРО-Народна.

Најголемата опозициска партија ја праша СДСМ „зошто не се оградува од коалицискиот партнер кој исто како и Заев вели дека Бугарите биле ослободители, а не окупатори“.

-СДСМ и Ковачевски наместо да сеат магла треба да кажат дали ставот на  Георгиевски е нивен став. Ова е само еден во низата пробугарски ставови од СДСМ и Коалицијата. Прв беше Заев кој тврдеше дека македонскиот и бугарскиот народ и јазик се исти. Потоа уследија сите негаторски тврдења на Бугарската политика кон Македонија, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

По повод одбележувањето на 13-ти ноември, Денот на ослободување на Скопје, лидерот на ВМРО-НП и поранешен премиер Љубчо Георгиевски упати порака дека неговата партија се приклучува кон честитките и порачува дека Скопје било ослободено од германски и албански фашисти со помош на бугарска војска.

Слични содржини