ВМРО-ДПМНЕ ги блокираше крстосниците – бара Владата да го објави „патоказот“ за Бугарија

од Берта Китинска

Опозицијата денеска ги започна предупредувачките протести на три локации низ Скопје.

Блокирано е пред Собранието, пред ТЦ „Мавровка“ и пред зградата на поранешна „Нова Македонија“.

Со блокадите опозициската партија сака да ја принуди власта јавно да соопшти за што преговара со Бугарија и какви отстапки се нудат.

Од партијата со денови обвинуваат дека Владата се согласила на бугарското барање, нивната скандалозна декларација од 2019 година, со која се негира македонскиот идентитет и јазик, да биде дел од патоказот што ќе биде прикачен за преговарачката рамка за членство во ЕУ, што премиерот Заев го негира. ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека Заев и Бучковски се согласиле прашањата за идентитетот, јазикот, историјата и културата да станат дел од поглавјата за преговорите со ЕУ, со што проблемот меѓу Македонија и Бугарија ќе се префрли меѓу Македонија и ЕУ.

Блокадите ќе бидат до 17 часот.

Слични содржини