ВМРО-ДПМНЕ ги претстави шесте забелешки кои ВМРО-ДПМНЕ ги има за францускиот предлог

од Берта Китинска

Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, ги претстави шесте забелешки кои што ВМРО-ДПМНЕ ги има посочено.

За преговарачката рамка, бараат две измени во точките 3 и 5 од предлогот односно, да стои дека законодавството на ЕУ се преведува само на македонски јазик без дополнителни квалификации за јазикот бидејќи како што кажа ниту една трета држава нема право да го толкува јазикот на некоја друга држава, и бришење на алинејата од точката 5 за кои велат дека станува збор за билатералниот протокол со Бугарија.

„Ова е замка бидјеќи годишните прегледи кои се повикуваа на член 12 преведено на поедноставен јазик за јавноста значи дека билатералниот македонско-бугарски протокол којшто Владата се уште го крие и затоа сметаме дека не треба да го обременува овој документ бидејќи истиот нема да служи за постигнување на стандарди туку ќе служи за политички конфронтации и тензии кои нема да и донесат добро ниту на Македонија ниту на Бугарија ниту на европските стандарди“, истакна Милошовски.

За документот насловен како Заеднички став на Европската Унија предлага четири измени во точките 1,11,13 и 14 односно, случајот со Северна Македонија да не биде преседан во Унијата и да нема прва и втора фаза од почетокот на преговорите, бидејќи како што вели Милошовски со ваков документ е очигледно дека Северна Македонија нема веднаш да ги започне преговорите. Воедно побара модификација на делот за Уставните измени, односно стартот на преговорите со Северна Македонија да не зависи од уставните измени кои според ВМРО-ДПМНЕ ќе допринесат за политичка поларизација и тензии на релација Скопје-Софија.

„Овој член 14 од заедничкиот став на Европската Унија најдецидно ја демантира власта која крие дека протоколот е дел од преговарачката рамка, во еворпските документи јасно покажува дека македонско-бугарскиот протокол е дел од преговарачката рамка и затоа Македонија не треба да прифаќа ваков преседан“, кажа Милошовски.

Слични содржини