ВМРО-ДПМНЕ: Инфективното одделение во Штип нема боци со кислород, се слушаат пискотници

од Nikola Popovski

Пискотници се слушаат од Ковид центарот на Источна Македонија. Болните од надвор се молат за легло повеќе, а болните внатре за кубик кислород. Сведоштвата на вработените, болните и нивните роднини говорат дека состојбата на Инфективно одделение е катастрофална, обвини на прес-конференција Санела Петрова од ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес Штип останал без боци за кислород, кои дури и ако ги има не се оперира соодветно со нив. Клиничката болница не располага со централен довод на кислород, што ја прави зависна од овие боци. Меѓутоа, во случаите кога на пациентите им се дава неопходното количество, тоа се врши на опасен начин. Поради непостоењето на регулатор за кислород, кој чини само 50 евра, пациентите добиваат несоодветна количина од овој гас. Освен тоа, една маска се користи за сите пациенти болни од ковид-19, а не ретко и нема можност да се опслужат неколку пациенти одеднаш“, објави Петрова.

Според неа, ситуацијата на Инфективното одделение ескалира, поради што апелира за итна реакција од надлежните. Во спротивно, како што вели Петрова, не само бројот на болни, туку ќе почне да се зголемува и бројот на починати во Штип.

Слични содржини