ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 200 амандмани, но нема да го блокира носењето на буџетот

од Nikola Popovski

ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи и нема да го блокира во Собранието донесувањето на буџетот за наредната година, информира координаторот на пратеничката група на партијата, Никола Мицевски во изјава за Телма.

-Буџетот е документ за граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ не планира да го блокира како и до сега што не блокирало ништо што е од интерес од граѓаните. Ќе учествуваме на комисјата. Имаме околу 200 амандмани, кои се однесуваат на заштита на животна средина, чист воздух, енергетика, економија, капитални инвестиции. Ќе го поддржиме буџетот и на пленарна седница, тој е за државата, потенцира Мицевски.

Спикерот Талат Џафери пред неколку дена информира дека на 15-ти ноември почнува Комисијата за финансии и буџет, а на 26-ти ноември се дебатира на пленарна седница.

-После тоа буџетот се враќа на разгледување во Влада. На 1-ви декември повторно се разгледува на пленарна седница, а до 5-ти декември до 24 часот треба да се изгласа, појасни Џафери.

Слични содржини