ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да го ревидира Преспанскиот договор ако освои двотретинско мнозинство, вели Мисајловски

од Vladimir Zorba

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ освои двотретинско мнозинство ќе стори се што е можно за да ги корегира штетите кои Зоран Заев и ги направи на Република Македонија“, вели денеска Владо Мисајловски.

„Да, ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да го ревидира Преспанскиот договор доколку освои двотретинско мнозинство и тоа не значи дека Македонија нема да биде дел од НАТО или дека ќе има помалку странски инвестиции. Напротив, Македонија ќе биде горд сојузник на нашите стратешки партнери, а странски инвестиции ќе има многу повеќе отколку сега, бидејќи странските инвеститори нема да ја заобиколуваат земјава притиснати од рекетот на соработниците на Заев“, посочува тој.

Зоран Заев, продолжуа, е исплашен и треба да биде исплашен бидејќи неговото време заврши. После 12-ти април следува обнова на Македонија, а секако и одговорност за сите криминали и афери, додава Мисајловски.

Слични содржини