ВМРО-ДПМНЕ: МВР има свои модерни кујни, а потпишува договори со приватни субјекти

од Stefanija Kuzmanovska

Оливер Спасовски молчи и се крие од одговори за скандалозните договори тешки 13 милиони евра кои ги склучил со компанијата Индустри сервис за набавка на храна за министерството, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Впрочем потврда дека Спасовски бега од овој скандал е и фактот што тој лично избегнал да ги потпише, туку ја оставил помошник министерката тоа да го направи во име на МВР. Со двата договори кои МВР ги склучило со Индустри сервис, компанија која била помагана со грантови од владата на СДС и на чие отворање присуствувал самиот Спасовски, приватниот субјект ќе треба да добие 13 милиони евра за 36 месеци, односно 4,5 милиони евра годишно во просек.

Овој износ е за третина повисок од досегашните трошоци на МВР за истиот период, односно лани министерството потрошило 3,3 милиони евра за набавки на храна. Каде одат овие 1,2 милиони евра разлика на годишно ниво?Ако на ова додадете дека на компанијата ќе и се признаваат и 15% транспортни трошоци, тогаш станува јасно за каков бонбона бизнис станува збор.

Да биде апсурдот поголем, МВР има свои модерни кујни по ХАСАП стандарди, а потпишува договори со приватни субјекти, што е пример за недомаќинско работење.

Спасовски и МВР бегаат од одговори, но нема да побегнат од одговорност. Се работи за пари на граѓаните и со нив Спасовски не може да прави матни зделки“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини