ВМРО-ДПМНЕ очекува Силјановска Давкова да собере потписи за еден ден

од Vladimir Zorba

Денес се собираат граѓански потписи за кандидатурата на професорката Гордана Силјаноска Давкова за претседател на Република Македонија.

Кандидатурата на Силјановска Давкова покрај со потписите и поддршката од 30 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе биде поткрепена и со над 10.000 граѓански потписи.

„Профероската Силјаноска Давкова целата своја научна кариера ја има посветено на промоција и одбрана на демократијата како начин на уредување, и централната улога на граѓаните во неа, затоа и покрај тоа што таа има поддршка од 30 пратеници, поддршката од граѓаните е најзначајна. Очекувањата се дека потписите од граѓаните ќе бидат собрани за еден ден. Сите мерења на јавното мислење покажуваат повеќе од двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДС. Доаѓаат промени“, велат од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини