ВМРО-ДПМНЕ: Почнуваме со кадровско освежување

од Берта Китинска

ВМРО-ДПМНЕ објави јавни повика за избор на нов претседател на Унијата на млади сили (УМС) и членови на раководството на Унијата на ветеран.

„ВМРО-ДПМНЕ почнува со процесот на кадровско освежување и катарза.Во таа насока, а врз основа на Статут од денес распишуваме два јавни повика, првиот за избор на претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, а вториот за избор на членови на претседателството на Унијата на ветерани.Во прилог ги испраќаме двата јавни повика, како и потребната апликација во електронска форма.Огласите се активни до 15.08.2020 година, деталите околу огласот се содржани во јавниот повик“, соопштија од партијата

Оттаму велат дека ги охрабруваат сите членови на партијата кои ги исполнуваат условите да аплицираат и да дадат свој допринес во борбата за подобра иднина .

Слични содржини