ВМРО-ДПМНЕ продолжува со блокади и опструкции во Собранието (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ продолжува со опструкции на работата на Комисијата за политички систем, објавија од СДСМ.

Според објавеното видео се гледа дека пратениците на најголемата опозициска партија не дозволуваат да продолжи работата на собраниската комисија.

-ВМРО ДПМНЕ ги блокира законите кои се однесуваат на промените во судството!, додаваат од СДСМ.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја прекинаа седницата откако требаше да се обрати пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски.

Слични содржини