ВМРО-ДПМНЕ со предлог-закон за поврат на парите на граѓаните кои се вакцинираа во Србија

од Nikola Popovski

Денес Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија ќе поднесе Предлог на закон за поврат на парични средства потрошени за имунизација против корона вирусот Covid-19 во Република Србија, по скратена постапка. Овој предлог закон ги уредува начинот и условите за остварување на право на поврат на средства за реални трошоци направени за време на имунизација против Корона вирусот во Република Србија, информира  Дафина Стојаноска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што појасни таа, овој предлог закон ги уредува начинот и условите за остварување на право на поврат на средства за реални трошоци направени во Србија.

„Според податоците објавени од српските власти само во март во Србија се вакцинирале околу 15.000 македонски граѓани. Бесплатната вакцинација за македонските граѓани продолжи и во јуни и сѐ уште трае, а според податоците овие бројки до денес се зголемени за двојно повеќе па податоците покажуваат дека во Република Србија до половината на месец јуни се вакцинирале повеќе од 30.000 македонски граѓани“, рече Стојаноска.

Таа ги повика пратениците од парламентарното мнозинство и од останатите опозициски партии да дадат поддршка на овој закон.

Слични содржини