Во Белград почна Европрајд: „Очите на цела Европа се вперени во Србија“

од Nikola Popovski

Пред Палатата Србија во Белград официјално започна манифестацијата Европрајд 2022 година со подигање на знамето на виножитото. Белград е годинашен домаќин на паневропската манифестација која ќе трае до недела. Традиционалната прошетка, која организаторите инсистираат да се одржи, е закажана за в сабота.

Еден од организаторите на Европрајд, Горан Милетиќ, вели дека денеска за прв пат пред Палатата Србија се подигнати знамињата на Европрајд и дека тоа значи дека делот од работата што се однесува на институциите треба да се заврши штом можно, дека нема одлагање за тоа и дека нема причина веднаш да не започне имплементацијата на законот.

„Бараме од луѓето во оваа зграда и од владините институции да го направат својот дел, а прво е да се донесе законот за истополови партнерства“, рече Милетиќ.

„Србија треба да ја овозможи прошетката на Европрајд во Белград во сабота и да ги заштити нејзините учесници“, рече Свен Леман, комесар на германската влада за ЛГБТ заедницата.

„Очите на цела Европа се насочени кон Србија. Луѓето од многу земји ќе дојдат на гости во Белград“, напиша Леман, член на владејачката Партија на зелените, во писмото до српскиот претседател Александар Вучиќ и до премиерката Ана Брнабиќ.

„Ќе биде фатален сигнал и огромен чекор наназад доколу не може да се одржи врвот на Европрајд 2022 или ако не биде доволно обезбеден“, се наведува во писмото, кое го видела агенцијата ДПА.

Пратеникот на Србија, Бошко Обрадовиќ, изјави дека петицијата против Еуропрајд собрала 28.000 потписи од граѓаните и посочи дека литијата за спас на Србија е показател за тоа што граѓаните на Србија мислат за тој настан.

„За петицијата ќе го информираме раководството на Народното собрание, а литијата покажа големо единство меѓу црквата и народот во борбата против уривањето на семејните вредности“, рече Обрадовиќ на прес-конференција во Домот на народното собрание.

На митингот, покрај делегацијата на антиглобалисти од Србија, присуствуваа и претставници на коалицијата на здруженија на граѓани „Обединети за традиција и семејство“.

„Владејачкиот режим со Ана Брнабиќ не го послуша патријархот и за жал таа им ја стави на располагање Палатата Србија да го истакнат своето знаме“, рече тој.

Слични содржини