Во Берлин се состанаа земјите вклучени во конфликтот во Либија

од Stefanija Kuzmanovska

Министрите за надворешни работи на земјите вклучени во конфликтот во Либија се среќаваат во Берлин за да разговараат за натамошно стабилизирање на земјата разорена од војната.

Домаќин на еднодневната конференција ќе бидат германската влада и Обединетите нации, додека ќе учествуваат САД, Русија, Турција, Египет, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и либиската преодна влада.

Главната цел на конференцијата, како и првата либиска конференција во Берлин во 2020 година, е да се запре мешањето на другите страни во конфликтот. Досега ова не беше успешно.

Според проценките на ООН, околу 20.000 странски платеници биле сместени во Либија во 2020 година, а тој број не е значително променет. И пратките со оружје не беа запрени.

Слични содржини