Во Данска запален Куранот, во Шведска спречено уништување на Тората

од Vladimir Zorba

Расмус Палудан, лидерот на данската крајнодесничарска партија „Stram Kurs“, денеска под полициска заштита изврши провокативен чин на палење на светата книга Куран пред џамија во Копенхаген, а потоа продолжи со провокации и запалил копија од Куранот пред турската амбасада во главниот град на Данска, јавува Анадолија.

Палудан, кој на 21 јануари го запали Куранот пред турската амбасада во шведскиот главен град Стокхолм, денеска во два наврати со полициска дозвола и заштита во Копенхаген изврши ваков чин. Прво по петочната молитва го запали Куранот пред џамијата, а потоа и пред турската амбасада.

Бројни полициски сили го следеа Палудан и се однесуваа кон него заштитнички, додека на насобраните новинари и припадници на турската заедница во Копенхаген упатија строги предупредувања да останат на местата каде што се наоѓаат во моментот на провокативниот чин на Палудан.

Во близина на амбасадата биле собрани припадници на турската заедница, но полицијата ги оддалечила формирајќи заштитен кордон пред пристигнувањето на Палудан.

Палудан го запалил Куранот, а потоа ги навредувал насобраните Турци, според Анадолија. Провокативниот чин траел 45 минути, а потоа Палудан во придружба на полицијата се оддалечил од турската амбасада.

Лидерот на екстремната десница најпрвин мавтал со светата книга за да го привлече вниманието на муслиманите додека ја напуштаа џамијата за да се молат.

Верниците гледале само во Палудан и не реагиралеа на неговите провокации.

Претставниците на џамијата ги советувале муслиманите да се држат настрана од областа по молитвата за да избегнат какви било провокации.

Данската полиција ја затвори околната улица и презеде строги безбедносни мерки околу џамијата.

Палудан по 40 минути ја напушти областа под полициска заштита.

Многу муслимански земји, особено Турција, жестоко реагираа бидејќи властите во Шведска и Данска му дозволија на Палудан да го изврши чинот на палење на Куранот.

Едвин Вагенсвелд, водач на холандското движење Патриотски Европејци против исламизацијата на Западот (ПЕГИДА), исто така искина копија од Куранот во Хаг минатиот викенд.

Во Турција и во многу други земји се одржаа бројни протести по сквернавењето на светата книга Куран во Шведска и Холандија.

Една недела по палењето на Куранот во Стокхолм, главниот град на Шведска, амбасадорот на Израел во Шведска, Жив Нево Кулман, објави дека Тел Авив и локалната еврејска заедница, во координација со шведските власти, спречиле палење на Тора, еврејската света книга.

Зив Нево Кулман на Твитер објави дека палењето на Тората било планирано да се случи пред израелската амбасада во Стокхолм, но било спречено со помош на шведските власти.

Ова се случи откако Палудан запали копија од Куранот пред турската амбасада во Стокхолм на 21 јануари под полициска заштита.

Слични содржини