Во Динамо Загреб доаѓа фудбалер од Арсенал (видео)

од Nikola Popovski

Хрватски Динамо носи уште еден перспективен странски фудбалер.

По Аргентинецот Матијас Годој, Велшанецот Роби Бартон пристигнува на Максимир.

Станува збор за 20-годишен централен играч од средниот ред, кој е капитен на лондонски Арсенал до генерација У23.

Младиот Велшанец го споредуваат со попознатиот сонародник Арон Ремзи, но и со поранешниот алфа и омега на Арсенал, Сеск Фабрегас.

Бартон постигна пет гола на 31 натпревар за У23 со две асистенции и стигна до резервната клупа во Лига купот.

Оваа година поранешниот менаџер на „Тоби“ Унаи Емери му даде можност во пријателскиот натпревар против Баерн Минхен, кој се покажа во одлична форма.

Слични содржини