Во Европа досега изгоре повеќе шума отколку во цела 2021 година

од Stefanija Kuzmanovska

Во шумските пожари кои почнаа да беснеат во Европа во последните неколку недели, веќе е изгорена поголема површина отколку во пожарите во целата 2021 година, објави Европскиот информативен систем за шумски пожари (EFFIS).

Ширум Европската унија, пожарите изгореа 517.881 хектари оваа година – нешто повеќе од 5.000 квадратни километри, што е еднакво на површината на Тринидад и Тобаго, објави службата за сателитски мониторинг на ЕУ.

Во текот на 2021 година, 470.359 хектари шуми беа уништени од пожари, главно во Италија и Грција, пренесува Хина, повикувајќи се на АФП.

Во 2022 година беснеат пожари во Франција, Шпанија, Португалија и Грција среде рекорден топлотен бран, за време на кој и Велика Британија се бори со пожарите, каде температурите за првпат во историјата надминаа 40 степени.

Слични содржини