Во Франција при уривање куќа пронајден сад со 600 белгиски златници

од desk2

Во западна Франција, при уривање куќа, се пронајдени 600 белгиски златни монети, објавија локалните медиуми.


– Работниците, пред уривањето на куќата, откриле сад што изгледал како рачна граната. Откако го зеле, забележале златници, изјави претставник на градежната фирма која работела на куќата во градот Кемпер.
Во садот имало 600 белгиски златници од 1870 година, со ликот на белгискиот крал Леополд Втори.
Локалната полиција го земала богатството и го ставила во сеф.

Сопственикот на куќата изјавил дека не е изненаден, бидејќи неговиот дедо бил колекционер.

Богатството е проценето на неколку стотини илјади евра.

Според францускиот закон, половина богатство ќе биде вратено на сопственикот на имотот, а другата половина ќе им припадне на тие што го нашле.

Слични содржини