Во Газа од почетокот на војната загинале 28.340 луѓе

од Stefanija Kuzmanovska

Министерството за здравство на Хамас објави дека 28.340 луѓе загинале во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Израел и исламистичкото палестинско движење.

Најголем дел од загинатите се жени, деца и адолесценти, а во истиот период ранети се 67.984 лица.

Како што е наведено, во последните 24 часа загинале 164 лица.

Слични содржини