Во Холандија во текот на ноќта три експлозии, едно лице полесно повредено

од Vladimir Zorba

Три експлозии се случија синоќа во Холандија – во Ротердам, Алмере и Цваиндрехт, а едно лице е полесно повредено.

Во експлозија во куќа во Алмере, предградие на Амстердам, едно лице е полесно повредено, а причинета е голема штета, јавува ХВ Алмере.

Според извештаите, на повредениот му била укажана помош на лице место, а во експлозијата била оштетена и соседната куќа.

Тоа е втора експлозија во два дена во Алмере, откако ноќта меѓу петокот и саботата се случи експлозија во куќа во друга населба во Алмере.

Полицијата соопшти дека во експлозијата во Ротердам нема повредени, но причинета е штета.

Полицијата соопшти дека осомничениот избегал од местото на настанот и апелира да се јават сведоци.

Во третата експлозија што се случи синоќа во градот Цваиндрехт, на западот на Холандија, нема повредени, а еден осомничен побегнал од местото, објави NL Times.

Полицијата претходно соопшти дека инцидентите со експлозии се тројно зголемени во споредба со минатата година и нема индикации дека таквите инциденти ќе престанат.

Слични содржини