Во Италија уште 822 лица починаа од коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 822 лица починаа од последиците на коронавирус во Италија во последните 24 часа, објави италијанското Министерство за здравство.

Бројот на починати во последните 24 часа е поголем од претходниот ден, кога беа регистрирани 722 смртни случаи на Ковид-19.

Во соопштението се наведува дека уште 29.003 лица биле позитивни на коронавирусот, за разлика од вчера, кога тој број беше 25.853.

Здравствените власти во Италија извршија уште 232.711 тестови за коронавирусот, повеќе од вчера, кога беа извршени 230.007 тестови.

Во Италија, од почетокот на пандемијата, починаа 52.850 лица, а заразени се 1.510.000.

Слични содржини