Во Јапонија родителите бараат брачни партнери за своите деца

од Vladimir Zorba

Се помалку Јапонци се одлучуваат да стапат во брак и да имаат деца, а нивните родители, сакајќи да имаат внуци, одат на организирани брачни настани за да им помогнат на своите деца да најдат соодветен брачен партнер, пишува Си-Ен-Ен.

Со оглед на зголемените трошоци за живот, лошите економски перспективи и напорната работна култура, сè помалку Јапонци денес избираат да се омажат и да имаат деца. Таму стапуваат нивните родители, загрижени за се помалите шанси да добијат внуци. На состаноците „омијаи“ – брачно посредување, родителите зборуваат за своите возрасни, слободни деца, за кои се надеваат дека ќе најдат љубов.

Секој од родителите издвојува по 14.000 јени (89 евра) за учество на ваков настан. „Идејата дека е во ред родителите да им помагаат на своите деца да се венчаат на овој начин стана се пораспространета“, вели Норико Мијагоши, директор на компанија која организира брачни настани речиси две децении.

Во минатото, луѓето се срамеле да присуствуваат на овие настани, додаде таа. „Но, времињата се сменија. Во Јапонија денес има сè помалку бракови и помалку луѓе. Населението долго време беше на надолна траекторија и во годината до јануари, според владините бројки, претрпе рекорден пад од 800.523 на 125,4 милиони.

Бројот на новорегистрирани бракови во Јапонија во 2021 година падна на 501.116, што е најниско од крајот на Втората светска војна и само половина од бројот на бракови регистрирани во 1970-тите. Јапонците се венчаат се подоцна и подоцна – просечната возраст во 2021 година беше 34 години за мажи во споредба со 29 во 1990 година и 31 за жени во споредба со 27 години во 1990 година.

Слични содржини