Во недела граѓанска трибина на СДСМ во Скопје, говорници Заев, Шекеринска и Шилегов

од Vladimir Zorba

Во недела во Скопје ќе се одржи граѓанска трибина на која говорници ќе бидат градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и премиерот Зоран Заев, брифираат од СДСМ.

Ова ќе биде последната во низата граѓански трибини кои се случија во изминативе месеци.

Од понедeлник почнуваат 11 нови настани, кои ќе бидат поврзани со програмата на СДСМ.

– Ова ќе биде нов концепт со кој ќе се воспостави врска со јавноста. 70 илјади семејства се посетени со кампањата од „врата на врата“, велат од партијата.

Оваа кампања завршува овој месец.

Слични содржини