Во овие ситуации е подобро да користите ББ-крема наместо течна пудра

од Elena Daskalova

ББ-кремите се многу познат производ во светот на шминката, се работи за лесно тонирана крема која го изедначува тенот, а притоа изгледа многу лесно и природно.

Фото: Unsplash

ББ е кратенка од beauty balm и покрај корективна има и негувачка улога, хидрира, а можете да изберете и таква која во својот состав има колаген или минерали, соодветно на потребите на вашата кожа.

Во некои пригоди, особено ако треба да имате професионална шминка, пудрата е незаменлива, но во следните ситуации ББ-кремата е подобар избор:

Кога патувате

ББ-кремата е ваш идеален сопатник, а и е попрактична и поприлагодлива дури и при сосема различни временски услови.

Кога брзате

Ако немате време за прајмер, коректор и пудра, тогаш ББ-кремата ќе ви помогне за кратко време да добиете уреден, негуван и исполиран тен.

За секојдневна шминка

ББ-кремата ќе ви помогне да негувате „no makeup look“ во секојдневни прилики, без да предизвикува вештачки и неприроден финиш на вашиот тен.

Кога ви треба пауза од шминка, но сепак морате да бидете средени

Некогаш на сите ни е потребна пауза од тешката шминка, но природата на работата и обврските бараат совршен изглед. Во овие прилики ББ-кремата е идеална за да ја замени пудрата.

Кога имате црвенило

Пудрата може да ја влоши ситуацијата, но ББ-кремата благодарение на составот и структурата, ќе ги неутрализира црвените тонови, а уште подобар изглед ќе постигнете со соодветните коректори.

Слични содржини