Во понеделник групно тестирање на лицата кои се во карантин поради ексдиректорката на Кожно

од Aleksandar Todeski

Сите лица кои биле во контакт со ексдиректорката на Кожно, Нина Цаца Билјановска ќе бидат тестирани, иако ниту едно од лицата до сега не покажало симптоми на болеста.

„Сите ќе бидат групно тестирани. Досега никој од нив не пројави симптоми на болеста. Без разлика на тоа, кај сите ќе биде направен тест. Сите примарни контакти се здрави, немаат знаци на болест“, истакна Филипче.

Министерството за внатрешни работи вчера објави дека протв неа до Обвинителството е поднесена кривична пријава. Поради нејзиното непримерно однесување, околу 200 лица се во карантин.

Слични содржини