Во последен момент откажано лансирањето на најголемата ракета во светот

од Stefanija Kuzmanovska

Не многу пред планираното лансирање на најголемата ракета во светот – Starship, SpaceX испрати порака дека полетувањето сепак е одложено и дека одбројувањето ќе продолжи само како „проба“.

Во понеделникот, SpaceX одбројуваше до првиот пробен лет на Starship, нејзината најмоќна ракета досега, дизајнирана да испрати астронаути на Месечината, Марс и уште подалеку.

Џиновската ракета требаше да полета од Starbase, космодромот на SpaceX во Бока Чика, Тексас во понеделник во 15 часот по средноевропско време.

Ваквиот развој на настаните веќе го спомена милијардерот и основач на SpaceX, Елон Маск, како јасна можност.

Слични содржини