Во пожар во училиште во Нигер загинаа 20 деца: Останале заробени во училница од трски

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 20 деца, претежно од предучилишна возраст, загинаа во пожар што избувна во училиште во сиромашна населба во Нигер.

– Има 20 мртви, од кои повеќето се мали деца – рече началникот на противпожарната служба, Бако Бубакар, наведувајќи дека не е позната причината за пожарот, јавува „Ројтерс“, а пренесува „Танјуг“.

Училиштето во густо населената област Пејш Бас има околу 800 ученици, вклучително и деца кои оделе во градинка. Децата поради пожарот биле заробени во училницата од трски.

Пожарот најверојатно избувнал кај капијата на училиштето. Без излез во итни случаи, многумина биле заробени и учениците морале да го прескокнуваат ѕидот за да избегаат. Жртвите главно биле деца од предучилишна возраст, рече друг официјален претставник.

Слични содржини