Во Русија, бројот на заразени се зголеми за 10.598 на 262.843

од Stefanija Kuzmanovska

Во последните 24 часа, бројот на заразени со коронавирус се зголеми на 262.843 во последните 24 часа, откако се регистрирани 10.598 нови случаи, вклучително и 4.504 асимптоматски случаи, соопшти кризниот штаб на оваа земја.


Според податоците на рускиот кризен штаб, вчерашното дневно зголемување на бројот на пациенти е 4,2 проценти, додека претходниот ден бил 4,1 процент.

Асимптоматски случаи, потврдени во текот на последните 24 часа, сочинуваат 42,5 проценти од вкупниот број заразени лица на овој ден.

ТАСС известува дека во претходните 24 часа, 4.748 лица биле тестирани позитивни nа вирусот во Москва, вкупно 135.464 од почетокот на епидемијата.

Дневното зголемување на бројот на заразени лица во главниот град вчера бil 3,6 проценти, а ден пред toa 3,7 проценти.

Слични содржини