Во САД се трага по исчезнат хеликоптер со пет маринци

од Radmila Tasevska

Американските спасувачки служби трагаат по исчезнат хеликоптер со петмина маринци, соопшти денеска американскиот марински корпус.

Хеликоптерот 2CH-53E Super Stallion“ полетал од воздухопловната база во близина на Лас Вегас и требало да слета во Мирамар во близина на Сан Диего, но од хеликоптерот побарале помош од шерифот на Сан Диего и Цивилната воздушна гарда, пренесува Си-Ен-Ен.

Од кабинетот на шерифот соопштија дека го испратиле својот хеликоптер во потрага, но дека поради невремето не можел да стигне до областа.

Противпожарните екипи излегле на местото каде последен пат бил виден хеликоптерот, но ништо не пронашле.

Слични содржини