Во Скопје 12 повредени во девет од вкупно 17 сообраќајки

од Ивана Рамаданова

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје со лесни телесни повреди се здоболе дванаесет лица во девет од вкупно 17 сообраќајки случени , додека пак во осум сообраќајки била причинета материјална штета.

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 21 возач кои се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол, девет возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден почетник, како и 17 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и четворица возачи кои  поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, шест возачи за неправилно престигнување, четворица возачи за неправилно престројување, еден возач за не носење сигурносен појас и 20 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Санкционирани биле и пет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Затекнати биле 85 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 68 возила

Слични содржини