Во Струмица стапија мерките за високо загаден воздух

од Nikola Popovski

На мерно место во Струмица е надминат прагот на алармирање за концентрации на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (ПМ 10), соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

-За градот Струмица стапуваат во сила препораки и мерки согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28 ноември 2017 година, соопшти МЖСПП.

Во два последователни дена среднодневните концентрации се над вредноста од 150 mg/m3, односно на 5 февруари се измерени 165,83 mg/m3, а вчера 155.00 mg/m3.

Надмината е вредноста 150 mg/m3 согласно со Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање и согласно добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи.

Слични содржини