Во светот недостасуваат шест милиони медицински сестри

од Nikola Popovski

„Рбетот на секој здравствен систем се медицинските сестри“, истакна првиот човек на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека во светот во овој момент има недостаток од шест милиони медицински сестри.

Според извештајот на СЗО, во светот во моментов има нешто помалку од 28 милиони медицински сестри, иако нивниот број се зголемил за 4,7 милиони до 2018 година.

Недостатокот на доволен број медицински сестри доведе до зголемување на стапката на заразени, медицински грешки и зголемување на стапката на смртност.

Во извештајот се вели дека богатите земји не едуцираат доволно медицински сестри и не можат да ги задоволат своите потреби, па затоа ги „увезуваат“. Тоа ,како што е кажано, само ја влошува здравствената криза во сиромашните земји.

Слични содржини