Во Турција 15 лица се уапсени поради уривање згради

од Radmila Tasevska

Во Турција се уапсени 15 лица под обвинение за градежни дефекти во зградите кои се урнаа во земјотресот во провинцијата Дијарбакир, јавува Анадолија.

Обвинителството во Дијарбакир отвори истрага за утврдување на дефектите во изградбата на зградите кои се урнаа во земјотресот на 6 февруари.

Полицијата денес уапси 15 осомничени меѓу кои и градежници, а се товарат за кривично дело „убиство со умисла“.

Во тек се напори за апсење на уште шестмина осомничени кои се во бегство.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија јужните делови на Турција во понеделникот, 6 февруари, со епицентар во Кахраманмараш.

Бројот на загинатите во земјотресите во Турција се искачи на 35.418, а во соседна Сирија на 3.688.

Слични содржини