Во завршна фаза: Булеварот Христијан Тодоровски ќе овозможи директен излез на обиколницата од центарот на градот

од Берта Китинска

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави дека скопски булевар Христијан Тодоровски Карпош, е  во завршна фаза на изградба.

-Влегуваме во завршна фаза на изградба и асфалтирање на новиот скопски булевар Христијан Тодоровски Карпош. Овозможуваме директен излез на обиколницата од центарот на градот, напиша Шилегов

Со изградбата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош општина Бутел ќе се добие ново сообраќајно решение и алтернативна врска за жителите на Чаир и на Бутел, а ќе овозможи и голем економски развој за овој дел од Скопје.

Слични содржини