(ВИДЕО) Бујар Османи: Ова се маратонски, внатрепартиски преговори во врска со документацијата која ја добивме од СДСМ

од desk2

Портапоролот на ДУИ, Бујар Османи изјави дека ова се првични маратонски, внатрепартиски преговори во врска со документацијата која ја добиле од СДСМ и најави дека вечерва нема да има конечен договор., информира а1он

Тој кажа дека ова се преговори затоа што потпретседателската тројка која разговараше со СДСМ смета дека се надминати сите пречки и дека може да почнат внатрепартиски договори со СДСМ за составување влада.

Според портпаролот Бујар Османи, дебатата на Централното претседателство ќе трае до доцна во ноќта, а ќе продолжи во наредните денови по што ќе биде донесена одлуката.

-Ќе се разгледува документацијата која е составена од работните групи. Лидерот Али Ахмети вчера вечер на средбата ги надмина разликите, и исполнети се условите претседателството да ги разгледа предлог законите и да може да одлучи.

Вечерва почнуваме со маратонската дебата зашто е голем материјалот, дебатата ќе продолжи и во наредните денови, кога ќе се исцрпи дебатата ќе биде донесена одлуката.

Доколку претседателстовото смета дека материјалот е недоволен има право да ја врати докумнтацијата на доработка. Тоа што работните групи сметале дека има доволен материјал, ќе треба да го потврди и претседателството на ДУИ, рече Османи.

Тој не откри детали, но рече дека секако се ќе биде транспарентно зошто решенија ќе мора да поминат низ Собранието.

Не може да се симплифицира процесот на давање потписи, поддршката на ДУИ е краен процес на еден постигнат договор помеѓу двете партии, рече Османи./извор а1он

loading...

Слични содржини