Војник ранет во стапало при вежба на Криволак

од Andreja Salpe

Полицијата соопшти дека вчера при изведување воени вежби на воениот полигон „Криволак“ е ранет војник.

Вчера во полициската станица во Неготино било пријавено дека околу 13 часот при изведување воени вежби на воениот полигон „Криволак“ припадник на Армијата се здобил со прострелна рана од пиштол во пределот на стапалото. Повредениот бил пренесен во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР-Кавадарци.

Слични содржини