Волстрит џурнал: САД, Египет и Катар предлагаат план за ставање крај на војната во Газа и ослободување на заложниците

од Radmila Tasevska

САД, Египет и Катар вршат притисок врз Израел и палестински Хамас да прифатат сеопфатен план што ќе стави крај на конфликтот, ќе бидат ослободени заложниците од Газа и на крајот ќе доведе до нормализација на односите.

Волстрит џурнал денеска пишува дека 90-дневниот план наводно ќе доведе до нормализација на односите на Израел со соседите и до разговори за формирање палестинска држава.

Прво, би имало долга пауза во борбите, за време на која Хамас би ги ослободил сите цивили, а Израел би ослободил стотици затвореници, би се повлекол од Газа, би дозволил слобода на движење на палестинската територија, би ја запрел активноста на беспилотни летала над неа, и двојно поголема сума на помош.

Во следната фаза Хамас би ги ослободил жените војници и би ги предал телата на убиените, а Израел би ослободил уште затвореници, додека во третата фаза би ја повлекол војската до границата со Газа, а Хамас би ги ослободил војниците и мажи кои можат да се борат.

Египетските официјални лица изјавија за весникот дека потоа ќе се одржат преговори за траен прекин на огнот, нормализација на односите на Израел со Саудиска Арабија и другите арапски земји и нов процес што води кон создавање на палестинска држава.

Истите извори додаваат дека Израел е заинтересиран за двонеделно примирје и избегнува разговори за траен прекин на огнот. Преговорите за прекин на огнот ќе почнат во Каиро во наредните денови.

Во написот не се наведува што би се случило со Хамас врз основа на таков договор, но се вели дека лидерот на екстремистичката исламистичка организација во Газа, Јахја Синвар, веќе еден месец не разговара со лидерот на политичкото крило на Хамас, Исмаил Ханија и дека тие не се согласуваат за потенцијалната демилитаризација на Газа.

Слични содржини