Вонредно предупредување за регионот: Следува ново разорно невреме, Македонија нема да биде зафатена

од Nikola Popovski

По разорното невреме кое вчера ги зафати Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и соседна Србија, и однесе неколку човечки животи, а поголем број граѓани беа повредени, во текот на утрешниот ден, а особено вечерта и ноќта према сабота во овие делови очекуваме ново разорно невреме, предупредуваат од „Метеоаларм“.

Потенцираат дека Македонија нема да биде зафатена од ова ново разорно невреме кое утре ќе го зафати регионот.

Во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина како и во северните предели од соседна Србија утре се очекува ново разорно невреме, и тоа поради повеќедневните големи горештини кои ги зафатија овие предели. Од Алскиот регион према овие предели ќе продре голема влажна и нестабилна воздушна маса и истата ќе го донесе ова ново страшно невреме.

-Можно е ново сериозно суперќелиско невреме, па затоа граѓаните да бидат крајно претпазливи, особено апелираме на нашите граѓани кои се наоѓаат во овие земји. Од појави се очекуваат силни поројни врнежи од дожд, опасност од поплави, разорен ветер, силни и чести електрични празнења и појава на крупен град кој може да направи многу штети, истакнуваат од „Метеоаларм“.

Фото: FoNet/Miodrag Miša Pejić

Слични содржини