Вооружен маж нападнал полицајки во Франција: Извикал „Алах акбар“, дошло до пукање

од Stefanija Kuzmanovska

Маж вооружен со нож бил застрелан и ранет од две француски полицајки, откако ги нападнал извикувајќи „Алах акбар“.

Како што пренесува „Фигаро“, маж на околу триесет години нападнал и ранил полицајки во општината Оранж во францускиот департман Воклуз, по што тие употребиле електрошокери и пиштоли во самоодбрана.

Се наведува дека напаѓачот бил застрелан со пет куршуми и потоа бил пренесен во болница во Авињон, каде неговата состојба е критична.

„И покрај предупредувањата, напаѓачот со агресивна одлучност се упатил кон полицајките и тие биле принудени да отворат оган врз него“, се вели во соопштението на жандармеријата.

Се додава дека полицајките со полесни повреди се пренесени во болница.

Во соопштението се наведува и дека истрагата е во тек и дека во моментов не може да се каже кои биле мотивите на напаѓачот.

Слични содржини