ВОЗЕЊЕ СРЕДЕ ПОЖАР: Пожарникари снимија како се пробиваат низ огнот во Орегон (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Шумските пожари продолжуваат да беснеат во западниот дел на Соединетите држави, се бележат рекордни температури, многу граѓани мораа да ги напуштат своите домови, а пожарникарите се борат со пожарот во екстремни услови.

Во авионска несреќа загинаа двајца пожарникари. Во северна Невада, недалеку од границата со Калифорнија, имаше масовна евакуација поради избувнување пожари предизвикани од удари на гром.

Еден пожар, кој повеќе од двојно се зголеми минатиот викенд, создаде огромен облак од чад и пепел што во комбинација со времето создаде сопствена молња.

Во Орегон, пожарот во Националната шума Фремонт-Винема се удвои на 311 квадратни метри.

Пожарникарите објавија снимки од возењето среде пожарот.

Слични содржини