„Вреќа за ѓубре“: Кендал Џенер предмет на потсмев поради нејзината јакна (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Манекенката и член на семејството Кардашијан привлече големо внимание со оваа фотографија. Кендал Џенер стана предмет на потсмев на мрежите.

Кендал, всушност, замина на зимски одмор, од каде објави фотографии на кои позира во темни фармерки, носејќи шубара на главата, но најголемо внимание привлече нејзината јакна.

Таа носеше таканаречен „бомбер“ со темнозелена боја, а на многумина не им се допадна формата на јакната.

„Вреќа за ѓубре“, „Изгледа морничаво“, „Можеби е топла, но е ужасна“, се само дел од коментарите, додека поединци имаа и интересни споредби.

Инаку, оваа јакна е од брендот Loewe, а како што е наведено на нивната веб-страница, чини 7.750 долари.

Слични содржини