Вредноста на криптовалутите паѓа по најавите на ФЕД

од Vladimir Zorba

Најстарата и најпозната криптовалута во светот – биткоин, забележа пад од 2 проценти во последните 24 часа, така што цената на дигиталната паричка повторно е под границата од 40 000 долари. Во моментов се тргува по цена од 39.300 долари.

Пазарната капитализација на биткоинот е 735 милијарди долари.

Етереум, втората најпопуларна дигитална валута, забележа пад од 3 проценти и нејзината цена во моментов е околу 2450 американски долари.

Биткоинот падна вчера по сесијата на американската централна банка, кога ФЕД објави покачување на каматната стапка, поради очекување на поголема инфлација.

Од друга страна, „Џенерал моторс“ се приклучи на „Тесла“ и најави дека компанијата ќе започне да прифаќа крипто-валути за набавка на своите возила.

На цената на криптовалутата може да влијае и најавата на „МикроСтратеџи“ дека се подготвува да купи биткоини до 488 милиони долари, со приходи од штотуку завршената продажба на обврзници од 500 милиони долари, објави компанијата во понеделникот.

Слични содржини