Временска прогноза

од desk4

  Времето во Северна Македонија ќе биде сончево со мала облачност, а од пладневните часови претежно во планинските региони со зголемена облачност и со нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер најизразен на југот од земјата.

Утринската температура ќе се движи помеѓу 14 и 21, а дневната ќе достигне од 30 до 38 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, претпладне сончево со мала облачност, а  попладне облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

Во наредниот период ќе се задржи топло време, претпладне сончево, а во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и само некаде со појава на грмежи.

Слични содржини