Времето денеска сончево со температура до 21 степен

од Берта Китинска

Времето ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе биде од минус еден до четири степени, а дневната температура ќе се движи од девет до 21 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен североисточен ветер.

Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната температура до 19 степени.

Следува период на стабилно, претежно сончево и потопло време со пораст на дневните температури. До четврток утринските температури на места ќе бидат под нулата. Од сабота ќе има извесно зголемување на облачноста.

Слични содржини