Втор ден расправа за дополнетиот Предлог буџет за 2023 година

од Radmila Tasevska

Денес Собранието втор ден ќе расправа по дополнетиот Предлог-буџет за 2023 година, откако Владата го усвои текстот по прифатените амандамни во матичната собраниска Комисија. За власта, според изнесеното на првиот ден од дебатата, предложениот буџет е реален и е одговор на енергетската криза, со поддршка на граѓаните и стопанството и ќе обезбеди економски пресврт. Опозицијата, пак, ја доведува во прашање фискалната одржливот и смета дека буџетот е инфлаторен и манипулативен, без соодветна поддршка во клучните сектори.

-Целта на Предлог – Буџетот за 2023 година е да помогне во ублажувањето на последиците од енергетската криза, да обезбеди непречено финансирање на евроатлантските интеграции, исполнување на НАТО стандардите, но и да постави основа за економско заздравување и да обезбеди забрзување на економскиот раст. Овој Предлог-буџет е дизајниран за исполнување на определбата за фискална консолидација и обезбедување фискална одржливост, рече вчера министерот за финансии Фатмир Бесими на првиот ден од дебатата.

Според Бесими, Предлог-буџетот е реален, ги лоцира приоритетите и оти со него се обезбедуваат средства за граѓаните и фирмите.

Слични содржини