Вучиќ изрази сочувство за пожарот во Тетово: „Подготвени сме да пружиме секаква братска помош“

од Берта Китинска

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, упати сочувство по пожарот што избувна синоќа во ковид-болницата во Тетово.

Вучиќ на Твитер напиша дека е исклучително погоден од веста за пожарот во болницата во Тетово, каде загинаа најмалку 10 лица.

„Ја споделуваме огромната болка со народот во Северна Македонија, подготвени да пружиме секаква братска помош. Во мое лично име и во име на граѓаните на Србија, изразувам сочувство до семејствата на жртвите и граѓаните на Северна Македонија, а на повредените брзо опоравување“, напиша Вучиќ.

Слични содржини